Порака од ИОК: Деполитизиран Закон за спорт до 20 мај 2020 – или суспензија!

Нов Закон за спорт кој нема директно да се меша во интерната регулација на функционирањето на Националните спортски федерации туку тоа тие само ќе го регулираат преку статутите со што ќе им биде овозможена таканаречената „одговорна автономија“.

Ова е една од клучните измени која треба треба да биде внесена во новиот Закон за спорт чија првична нацрт верзија треба да биде доставена до Интернационалниот олимписки комитет најдоцна до 20 јануари следната година. По одобрување од ИОК, конечната верија треба да биде направена до првата недела од февруари, а потоа новото законско решение да биде усвоено од парламентот на државата најдоцна до 20 мај 2020 година.

Ова било договорено на средбата во Лозана на која Интернационалниот олимписки комитет ги свика претставниците на Македонскиот олимписки комитет, претставниците на државните тела задолжени за спорт. Пристутните на состанокот ја прифатиле оваа рамка. На средбата не присуствувал директорот на Агенцијата на млади и спорт, Дарко Каевски, биле двајцата советници за спорт на Премиерот како и делегацијата на МОК.

Покрај ова промени ќе треба да бидат направени и во статутите на националните спортски федерации и тоа во соработка со нивните надлежни Меѓународни асоцијации. Промени ќе бидат направени и во Статутот на МОК и ќе се промени структурата на членките на Собранието. Ќе треба 51 проценти од членките на Собранието на МОК да бидат од претставници на националните федерации од олимписките спортови. Треба да биде променето и името на Македонскиот олимписки комитет, а сето ова на собранието кое треба да се одржи на 21 декември годинава.

Се вчитува...