Порака за муслиманите ширум светот: Барселона објави одлично видео за почеток на рамазанските пости

Барселона синоќа објави одлично видео на официјалната страница на Фејсбук по повод почетокот на месецот Рамазан. Имено, каталонскиот клуб ги воодушеви своите љубители на исламската вера ширум светот со одлично видео за почетокот на светиот месец – Рамазан.

За муслиманите, синоќа започна најспецијалниот месец во годината, а Барселона реши да испрати честитки до муслиманите ширум светот.

На видеото учествуваа припадници на исламска вероисповед кои играат во редовите на фудбалските тимови на Барселона. Меѓу повеќето, се појави и Миралем Пјаниќ, тој упати честитки кон муслиманите за почетокот на месецот Рамазан. Исто така, од првиот тим честитки испратија Усман Дембеле и Илеикс Мориба.

 

 

Се вчитува...