Поранешен фудбалер на Барселона во кома, по пад во бар во Валјадолид

Поранешниот фудбалер на Барселона, Еузебио Сакристан е префрлен во болница во Валјадолид откако му се слошило во еден локален бар.

Сакристан ја загубил свеста, по што паднал и ја удрил главата. Лекарите сметаат дека сето ова го предизвикал крвниот тромбон во мозокот. Како би се предизвикал притисок на мозокот, тој веднаш е ставен во вештачка кома, а неговата состојба за среќа во моментов е стабилна.

Саркистан кариерата ја почна во Валјадолид, а потоа го носеше и дресот на Атлетико Мадрид. За Барселона играше од 1988. до 1995 година, а со тимот од „Камп ноу“ ја освои и титулата во Лигата на шампионите во сезоната 1991/1992.

Се вчитува...