Поранешен фудбалер на Вардар повреден во војната во Израел

Нигерискиот интернационалец Ибезато Огбона кој во сезоната 2012/2013 ги бранеше боите на Вардар, а денеска настпува во израелското првенство за Агудат, заврши во болница откако ракета го погодила неговиот дом во Ашдод.

Фудбалерот со Брза помош бил пренесен во болницата, каде биле санирани неговите рани, а на социјалната мрежа Фејзбук објави дека е жив и здрав.

„Жив сум и добар сум, но мојот дом е срушен“, стоеше во објавата на Огбона.

Се вчитува...