Поранешен голман на Аргентина е обвинет за убиство: Беше на два Мундијали, а сега е дел од истрага!

Поранешниот чувар на мрежата на аргентинската фудбалска репрезентација, Пабло Каваљеро, е осомничен за убиство од небрежност! Тој беше учесник во сообраќајна несреќа, а по тој судир, животот го загуби Хуан Риверо (57).

Иако била повикана брза помош од блиската наплатна рампа, Риверо трагично го загубил животот на лице место, па лекарите можеле да ја констатираат само смртта. Поради целиот настан, Пабло Каваљеро е осомничен за убиство од небрежност, а неговиот автомобил е запленет сè додека не се спроведе детална истрага.

Според информациите од Аргентина, Каваљеро се враќал од фудбалски натпревар, па на пат кон дома, во близина на местото Ечевери, се случила несреќата во која загина едно лице, а голманот помина без сериозни повреди.

Каваљеро, со репрезентацијата на Аргентина го освои златото на Олимписките игри во 1996 година, а двапати беше учесник на Светското првенство. Тој беше дел од националниот тим на Светските првенства во 1998 и 2002 година, а собра вкупно 26 настапи за националниот тим.

Се вчитува...