Поранешен репрезентативец на Шкотска почина во параглајдерска несреќа

Легендарниот рагбист и поранешен репрезентативец на Шкотска кој меѓу останатите успеси има и два настапи на Светските првенства почина во бизарна несреќа во Јужна Африка на 58-годишна возраст.

Оливер во Кејптаун го следел својот син и неговите настапи на Светското првенство за играчи до 20 години, а времето помеѓу натпреварите го искористил за возење со параглајдер. За жал истиот завршил трагично откако во него удрил друг параглајдер.

По сударот бил активиран помошниот падобран, но истиот не му помогнал на Оливер бидејќи се удрил прво во карпи, а потоа паднал и во океанот. Службите за итна помош го извадиле од водата, но морале да констатираат смрт.

Се вчитува...