Поранешниот скаут на Арсенал, Франсис Каџигао објасни како лондонскиот клуб сакал да го донесе Лионел Меси во своите редови.
Тој кажа дека не само Меси, туку заедно во пакет да ги донесе и Жерард Пике, за кого вели дека бил веќе во тренинг базата кога го земале Сеск Фабрегас.
„Сакавме да ги донесеме и Меси и Пике. Пике беше во нашата база кога го потпишавме Фабрегас, и бевме во контакт со Меси. Лично зборував со таткото на Меси, но проблем беше што тој не можеше да се пресели во Англија поради проблеми со документите. Сите тројца играа за тимот на Барселона до 16 години. Замислете го тој тим, Пике во одбраната, Фабрегас во средината и Меси во нападот. Нивниот тим рушеше рекорд, а јас ги сакав сите во Лондон. Бевме блиску до договор, но на крајот донесовме само еден“, рече Каџигао.
„На крајот успеавме да го земеме само Фабрегас за 300.000 евра, и го продадовме на Барселона за 55 милиони“, додаде тој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
