Поранешна НФЛ ѕвезда осомничена за нарачано убиство на две лица

Поранешната НФЛ ѕвезда, Крис Џонсон, е осомничена за нарачано убиство на две лица во 2016 година, пренесуваат американските медиуми.

Според информациите од Соединетите Американски Држави, Џонсон најверојатно се одмаздил за заседа во во 2015 година во Флорида во која што еден негов пријател го загубил животот.

Џонсон кој играше на позицијата ранин-бек 9 години помина во најсилната фудбалска лига, во која настапуваше за екипите на Тенеси Тајтанс, Њујорк Џетс и Аризона Кардиналс. Најдобрите денови ги имаше во редовите на Тајтанс во кои три пати беше избран и за Про-бол.

Се вчитува...