Поранешниот македонски селектор – кандидат за пратеник во Србија

Легендарниот македонски фудбалер и поранешен селектор на националниот тим, Бошко Ѓуровски, одлучи да влезе во политички води. Тој е кандидат за пратеник на коалицијата „Здрава и подобра Србија“ во пресрет на претстојните избори кај северниот сосед. Бошко Ѓуровски повеќе од четири децении живее во Белград, а смета дека искуството што го стекнал во Швајцарија и во Јапонија во текот на фудбалската и на тренерската кариера може да го преточи и за подобар живот на граѓаните во Србија.

„Преку 20 години работев во Швајцарија и во Јапонија, најорганизираните земји во светот. Тоа искуство ми дава за право да верувам дека може да учествувам о кампањата за подобра и поздрава Србија на следните избори“, рече Бошко Ѓуровски на денешната прес – конференција.

Тој потенцираше дека може да направи многу за подобрување на состојбите во училишниот спорт и за заштита на животната средина.

Фото: www.danas.rs

Се вчитува...