Австралискиот тенисер и поранешниот освојувач на УС Опен, 30-годишниот Доминик Тим, најави дека по завршувањето на оваа сезона ќе стави крај на кариерата.
Тим во последните сезони се мачи со повреди, но и со враќање во формата, па одлучи дека завршувањето на кариерата во моментов е најдобрата одлука.
Споменатиот тенисер во периодот од 2016 до 2020 година ги имаше најубавите моменти. Играше четири финалиња на Грен слем турнирите. Изгуби во финалето на Ролан Гарос во 2018 и 2019, загуби во финалето на Австралија Опен во 2020 година, а го освои УС Опен во 2020 година.
Се очекуваше дека тој ќе биде предводник на новиот бтран тенисер, но после коронавирусот дојдоа и големите проблеми со повреди, имаше и психолошки проблеми, па целосното враќање на тенисот никогаш не го оствари. Во моментов е 128 на листата, а во 2020 година беше трет тенисер на светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА