Поранешниот селектор на Швајцарија ќе го води Алжир

Селекцијата на Алжир има нов селектор во името на Владимир Петковиќ. Фудбалската федерација на оваа земја официјално го потврди ангажманот на Петковиќ, а прес-конференцијата е закажана за понеделник.

Петковиќ две години е без ангажман, откако последен пат го водеше тимот на Бордо, но доби отказ поради лошите резултати. Во минатото беше и тренер на Лацио.

Петковиќ има и селекторско искуство, откако беше селектор на Швајцарија. Тој ќе го замени Џамел Белмади кој доби отказ по неуспехот на Африканскиот Куп на Нации.

Се вчитува...