Пораз на Барди и Леванте од Валенсија, убедлива победа на Борусија

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и неговиот Леванте забележаа минимален пораз од 1-0 на пријателскиот натпревар против Валенсија. Стелец на единствениот гол беше Алдерете во 71. минута од мечот.

Барди го започна натпреварот и одигра 65. минути на мечот, но не успеа да асистира или да постигне гол за својот тим.

Борусија Дортмунд со 3-0 славеше во натпреварот против Болоња. Тритте гола беа постигнати во првото полувреме, а прв стрелаше Рејна во 24. минута. Во 42. минута Малоуни донесе водство од 2-0, а конечните 3-0 ги постави Тигес во 45. минута.

Се вчитува...