Пораз на боксерот Арсим Етеми на „Влазнија 2019“

Македонија настапува на меѓународниот турнир „Влазнија“ во Скадар, Албанија, со тројца боксери во сениорска конкуренција, информираат од федерацијата. Арсим Етеми го заврши настапот со пораз од Симоне Фиори од Италија во категоријата до 81 кг.

Денеска настапуваат Џан Демиров во категоријата до 56 кг и Јасим Љама во категоријата до 60 кг. И двајцата боксери се во полуфиналето на турнирот.

Се вчитува...