Кошаркарите на ТФТ го одиграа првиот контролен натпревар пресрет новата сезона. Клубот од скопската населба одигра пријателски натпревар во Солун против ПАОК кој е предводен од италијанскиот стратег Андреа Тринкери.
Очекувано грчкиот респектабилен тим беше подобар со убедливи 94-69. Грците уште од самиот старт го контролираа натпреварот и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева дека може да го загрози.
Сила и Цветковски со по 15 поени беа најдобри стрелци во македонскиот тим, додека кај ПАОК Омонуји и Хаџинс постигнаа по 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
