Кадетската репрезентација на Македонија претрпе пораз од на дуелот со Украина во последното коло од групната фаза на ЕП 2026 – Б дивизија што нашите млади кошаркари ја играа во Гевгелија. Со скор од две победи и три порази, Македонија го освои четвртото место во групата, зад Хрватска, Исланд и Украина, па до крајот на шампионатот ќе разигрува за пласман во Скопје.
Македонија сосема солидно парираше во првото полувремме, стартните десет минути завршија со 19-22 за противникот, а на одмор се замина со 39-46 за Украинците. Македонија дојде на само два поени негатива (47-49), но потоа следеше неверојатен пад во играта, серија од 21 поен на противникот кој се одлепи и практично го реши победникот уште на петнаесетина минути до крајот.
Се што успеаја нашите млади кошаркари да направат до крајот е да го ублажат поразот до конечните „минус 14“, за крај на настапите во Гевгелија.
Дион Шабани со 21 постигнат поен беше најефикасен во редовите на нашата селекција, пред Коневски и Зунзуровски кои реализираа по 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
