Јуниорската репрезентација на Македонија го освои 14. место на европскиот шампионат – Б дивизија што се одржуваше во Хрватска откако нашите кошаркари до 18 години денеска претрпеа пораз од Велика Британија во мечот за пласман, со конечни 73-83.
„Црвено-жолтите“ како и во текот на целиот шампионат, повторно имаа огромни осцилации во играта, нашите кошаркари ја добија првата четвртина со 21-18, но потоа потфрлија во одбраната во вториот дел во кој примија 25 поени за 10 минути и на одмор заминаа со резултат 41-43. Третиот период воглавно мина во израмнета игра, но потоа британските кошаркари подобро ја отворија четвртата четвртина, се одлепија целосно резултатски и на крајот славеа со конечните „плус 10“.
Дамјан Данев со 16 поени беше најефикасен во македонскиот табор, а двоцифрен ефект имаа само уште Ѓорѓевиќ и Ѓиновски со по 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
