Порази на Асанов и на Јонузов на боксерскиот турнир во Мостар

Македонската репрезентација викендов настапи на меѓународниот турнир во „Мостар 2019“ со двајца боксери, Елес Асанов во категорија 52 кг, и Хурмет Јонузов во категоријата 75 кг. Тие учествуваа во јуниорска конкуренција и брзо го завршија настапот.

Елес Асанов загуби од Ибраим Букедим од Франција со прекин од страна на судијата, а Хурмет Јонузов беше поразен од Давид Коцзиан од Унгарија на поени.

Македонија на турнирот учествуваше и со еден судија, Радмила Симевска која судеше во квалификациите и на финалниот ден.

Се вчитува...