Поразителни бројки – Гризман заслужено е резерва во Барселона

Антоан Гризман е огромно разочарување за сите во Барселона, инвестицијата од 120 милиони евра се покажа како големо промашување откако францускиот репрезентативец воопшто не се адаптираше на „Камп Ноу“ и во последниот период се повеќе време минува на клупата за резерви.

Тој влезе во игра дури во 90. минута од синоќешното дерби со Атлетико Мадрид, а тренерот Сетиен по мечот изјави дека нема намера да му се извини, јасно ставајќи до знаење Гризман да не се надева на поголема минутажа до крајот на сезонава.

Впрочем, бројките на францускиот интернационалец се апсолутно поразителни – во 2020 година тој настапил на 15 средби, на теренот минал 983 минути, период во кој постигна еден гол и немаше ниту една асистенција. Гризман испратил 19 удари кон противничкиот гол, од кои само пет оделе во рамките на голот. Гризман за првпат не бил стартер на два меча по ред уште од април-мај 2016 година, кога беше член на Атлетико Мадрид.

Неговите слаби игри, надополнети од интересот на Барса за Лаутаро Мартинез и за Нејмар, се најава дека деновите на Гризман на „Камп Ноу“ се избројани и се очекува тој летово експресно да си замине од Барселона.

Се вчитува...