Порто го освои првото место и го исфрли Атлетико од Европа (ВИДЕО)

Порто го совлада тимот на Атлетико Мадрид со 2-1, и го исфрли целосно од Европа, односно тимот на Симеоне нема да игра ниту во Лигата на Европа, благодарение на едниот бод на Баер Леверкузен кој го освои во дуелот со Бриж.

Порто на својот „Драгао“ прелесно дојде до триумф над шпанскиот тим. Тареми и Еустакио во првиот дел го „начнаа“ Облак, а во вториот дел Порто можеше и до поубедлив триумф, но 2-0 беше до 90. минута, а потоа Атлетико постигна само почесен гол. Со оваа победа Португалците го зазедоа првото место, и го испратија дома Атлетико.

Во вториот меч од групата во Леверкузен, немаше голови и покрај тоа што играа два тима кои негуваат офанзивен фудбал. „Фармацевтите“ беа блиску до триумфот, со оглед дека имаа повеќе шанси, но не го најдоа патот до голот.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...