Португалецот Диаш ќе го суди мечот на Македонија и Ерменија

Португалскиот судија Артур Мануел Рибеиро Соареш Дијаш ќе биде главен арбитар на мечот на кој Македонија ќе ја пречека Ерменија во 4. коло од квалификациите за Светското првенство 2022 година во Катар.

Диаш е еден од најдобрите португалски судии, а беше дел и од последното Европскот првенство на кое ја делеше правдата на мечот меѓу Англија и Чешка во групната фаза.

Дебито на клупата на А-тимот ќе го има Боби Милевски кој на 1. август ја презеде сениорската селекција на Македонија. Мечот меѓу Македонија и Ерменија ќе се игра на Националната арената „Тодор Проески“ во Скопје во четврток со почеток во 20:45 часот.

 

Се вчитува...