Португалската федерација со емотивно писмо посветено за Роналдо

Кристијано Роналдо не чекаше Жорже Жезус да го објави списокот за ноемвриските натпревари во Лигата на нации на УЕФА. Тој презеде иницијатива и преку објава на Инстаграм соопшти дека завршува со настапите за португалската репрезентација.

По 23 години од своето деби, 234 натпревари, 146 гола и три освоени трофеи, легендарниот Португалец одлучи да стави крај на својата репрезентативна кариера. Со Португалија, тој го освои Европското првенство во 2016 година, како и два трофеја во Лигата на нации.

Со емотивно писмо во пензија го испратија и од Фудбалската федерација на Португалија…

„Португалската фудбалска федерација изразува најдлабока и најтрајна благодарност до својот вечен капитен, Кристијано Роналдо, кој денес го објави своето дефинитивно повлекување од националниот тим.

Со чувство на длабока благодарност и огромно восхитување, Португалската фудбалска федерација јавно му се заблагодарува на Кристијано Роналдо за неговата апсолутно извонредна кариера служејќи на нашата земја.

Повеќе од само извонреден спортист, нашиот капитен беше инспиративен лидер, пример за посветеност и врвен симбол на духот на нашиот национален тим.

Низ легендарната меѓународна кариера, обележана со 234 настапи и 146 постигнати голови, капитенот ја носеше земјата на свои рамена, соборуваше рекорди и го водеше тимот до моменти што засекогаш ќе останат врежани во историјата на националниот фудбал.

Секоја капка пот, секој одлучувачки гол и секоја капитенска лента што ја носеше со гордост на теренот ја одразуваа неговата безусловна љубов кон нашиот дрес.

Неговата посветеност и наследство ги надминуваат четирите линии на теренот.

Кристијано Роналдо го воздигна името на Португалија и инспирираше генерации млади луѓе кои сонуваат да ги следат неговите стапки, бидејќи за многумина од нас е најдобриот играч на сите времиња!

Затоа, Португалската фудбалска федерација одбива да дозволи ова збогување да се случи без должно почитување.

Наша цврста и огромна желба е да организираме, планираме, учествуваме и активно да соработуваме во она што секогаш ќе биде достоен почит кон огромната кариера на Кристијано Роналдо, во која навивачите и земјата ќе можат повторно да аплаудираат и да го слават играчот кој ни даде толку многу.

Ти благодарам за сè, КАПЕТАНЕ!

Ова секогаш ќе биде твој дом! Ајде кон целта 1000!!!“, објавија од федерацијата.

Се вчитува...