Поширок список на Украина: Три откажувања, Бебешко ќе го чека Онуфриенко

Селекторот на украинската репрезентација, Сергеј Бебешко, прв го објави списокот од 28 ракометари кои ќе се борат за место во националниот тим на ЕП 2020. Токму Украина ќе биде прв ривал на Македонија во групната фаза во Виена, а меѓу главните адути на оваа селекција се двајцата ракометари на Е. Пелистер, Владислав Остроушко и Александр Шевелев.

Украина ќе биде ослабена поради неиграњето на тројца ракометари, откако Бебешко остана без помошта на бековите Садовој и Јужбабенко, како и без пивотот Роман Северин.

Најдобриот ракометар на Украина, Сергеј Онуфриенко, неодамна беше опериран по незгодната повреда на рамото, но сепак се најде на поширокиот список на селекторот, кој до последно ќе чека да види дали поранешниот ракометар на ПСЖ ќе може да му помогне на националниот тим.

СОСТАВ УКРАИНА

Голмани: Антон Деревјанкин (ЗТР), Валентин Кошевој (Азоти Пулави), Генади Комок (Мотор), Антон Терехов (Погон).
Леви крила: Захар Денисов (Мотор), Евгениј Жук (Медведи), Дмитриј Артеменко (ЗТР), Максим Карамишев (Васлуи)
Леви бекови: Станислав Жуков (Мотор), Евгениј Буњенко (Орошаза), Дмитриј Горига (Погон), Владислав Остроушко (Е. Пелистер),
Плејмејкери: Александр Тилте (ЗТР), Александар Кириленко (Медведи), Владислав Паровинчак (Мотор), Владислав Залевски (ЗТР)
Десни бекови: Владислав Донцов (Мотор), Сергеј Онуфриенко (Шартр), Роман Чичикало (Заглебје)
Десни крила: Артем Козакевич (Мотор), Јуриј Кубатко (Мотор), Андреј Акименко (ЗТР)
Пикери: Павел Гурковски, Дмитриј Дорошјук, Дмитриј Тјотник (Мотор), Александр Шевелев (Е. Пелистер), Дмитриј Илченко (ЗТР), Иван Бурзак (ЗТР).

Се вчитува...