После Хакими, Конте се фокусира на Артуро Видал

Италијанскиот калчолигаш Интер забрзано работи на формирање на ростерот за следната сезона. Тренерот Антонио Конте доби одлично засилување на десната бековска позиција со ангажманот на Ашраф Хакими од Реал Мадрид за 40 милиони евра плус бонуси, а сега се насочува кон својот стар познаник Артуро Видал.

Играчот за врска на Барселона подолг период најавува заминување од „Камп Ноу“, а Конте му нуди да се врати во Серија А и да го облече дресот на Интер. Тој одлично ги познава квалитетите на Чилеанецот од периодот кога заедно освојуваа титули со Јувентус, па сега би сакал истото да го повторат и на „Џузепе Меаца“. Барселона за Видал ќе бара отштета од 30 милиони евра.

Приоритет за Интер ќе биде и носење на нов лев бек, а прв на листата со желби на Конте е Емерсон Палмиери од Челси, кој не е стандарден во таборот на „сините“ и би бил достапен за околу 10 милиони евра.

Се вчитува...