После неколкуте високи резултати, УЕФА го менува системот на квалификации за жени

УЕФА се одлучи да донесе промени во системот на квалификации за Светското првенство во жени. На овој потег европската куќа на фудбалот се одлучи откако во последните месеци се случија неколку неверојатни резултати со голема разлика.

Дури 29 натпревари се завршени со седум и повеќе разлика во средбите играни во последните два месеци. Така на пример Англија ја победи Летонија со 20-0 во групата во која е и Македонија, која, пак, на домашен терен загуби од Северна Ирска со 0-11. Белгија ја  совлада Летонија со 19-0, и УЕФА кажа дека нешто ќе се менува.

„Ова не е добро за женскиот фудбал, ниту за малите ниту за големите земји. Ќе го менуваме системот“, рече шефицата на женскиот фудбал при УЕФА, Надине Кеслер.

Кеслер додаде дека ќе се обидат да ја намалат разликата меѓу екипите. Веројатно тоа ќе биде според рејтингот, односно оние со послаб рејтинг би играле претквалфикации, а најдобрите од таа конкуренција ќе може да играат квалификации. Сепак, официјално не е потврдено како ќе изгледа новиот формат.

Се вчитува...