После Овермарс, нов секс скандал го „тресе“ Ајакс

Се чини „случајот Овермарс“ не беше доволен, па во редовите на четирикратниот европски првак има нов секс скандал. Холандските медиуми јавуваат дека сега под „лупата“ се најде помошникот на Ерик тен Хад, Винстон Богард.

НРЦ објаснува дека Богард, поранешен играч на Ајакс, Милан, Барселона и Челси, праќал пораки на анонимна жена, која го опишала како сексуално малтретирање. Ајакс го истражи целиот случај, и донел заклучок дека Богард со своите пораки „оставил сериозни психолошски последици“ на жртвата која и е дијагностицирана и постраумско пореметување.

Мундо Депортиво пренесува дека истрагата во Ајакс траела шест месеци, и дека се прегледувани многу пораки, фотографии и видеа. Заклучокот бил дека Богард на моменти бил и агресивен и ги игнорирал предупредувањата за смирување од споменатата женска личност.

Но, и покрај се, на Богард му било дозволено да продолжи со работата.

Овој скандал излезе во јавност неодамна откако излезе и скандалот со Марк Овермарс кој праќал пораки со ескплицитна содржина до неколку вработени женски лица во клубот.

Се вчитува...