После Салах, во Трабзонспор доаѓа уште една екс ѕвезда на Ливерпул

Трабзонспор започна преговори за ангажман на Дарвин Нуњез од Ал Хилал, а трансферот би можел да биде реализиран како едногодишна позајмица.

Според информациите од турските медиуми, челниците на Трабзонспор веќе воспоставиле контакт со саудискиот клуб. Потпретседателот на турскиот тим, Ибрахим Шахинкаја, наводно треба да отпатува во Саудиска Арабија со цел директно да преговара за реализација на трансферот.

Трабзонспор е подготвен да плати околу 8 милиони евра за едногодишна позајмица на 27-годишниот уругвајски напаѓач.

Главната пречка во преговорите би можела да биде високата плата на Нуњез. Уругваецот во Ал Хилал заработува околу 22 милиони евра годишно, па турскиот клуб сака саудискиот гигант да продолжи да покрива значителен дел од неговите примања.

Според предложениот модел, Трабзонспор би презел обврска да исплаќа околу 8 милиони евра, додека остатокот би останал на товар на Ал Хилал.

Во Трабзон имаат и дополнителен адут во обидот да го убедат Нуњез да го прифати трансферот. Тоа е можноста повторно да заигра со Мохамед Салах.

Се вчитува...