Денеска е последниот ден од преодниот рок во најсилните првенства. Екипите имаат уште само неколку часа да ги комплетираат екипите за настапите низ пролетниот дел од сезоната.
На ЕКИПА следете ги сите трансфери кои ќе се случуваат денеска.
ЗАВРШИ ТРАНСФЕР ПРЕОДНИОТ РОК
- Челси постигна договор со Бенфика за трансфер на Енцо Фернандез. Следува потписот на договорот до 2031 година. Целата сума ќе чини 120 милиони евра
- Арсенал го даде Самби Локонга на Кристал Палас како позајмен до крајот на сезоната
- Хектор Белерин го комплетираше трансферот во Спортинг Лисабон
- Олимпик Марсеј го комплетираше најскапото засилување во својата историја. Нивен нов член е Витиња, кој доаѓа од Брага за 32 милиони евра
- Атлетико Мадрид доби еден, и загуби еден фудбалер. Во Мадрид стигна Мат Доерти од Тотенхем, додека во Нотингем Форест замина дефанзивецот Фелипе
- Според некои непотврдени информации, Челси испратил авион во Лисабон за играчот од средниот ред Енцо Фернандез. Меѓутоа „сините“ имаат се помалку време.
- Кристал Палас го засили средниот ред со играчот на Штутгарт, Науриу Ахамада за 12 милиони евра
- Торган Азар, помладиот брат на Еден, се пресели во ПСВ Ајндховен како позајмен играч до крајот на сезоната
- Украинскиот репрезентативец Илија Забарни се пресели во Борнмут за 22,7 милиони евра
- Готово е! Жоржињо и официјално се пресели во Арсенал. Договорот е до 2024 година, со можност да биде продолжен на уште една. Повеќе ТУКА.
- Напаѓачот на Фиорентина, Лука Јовиќ е на „радарот“ на Галатасарај, и тој би можел уште денеска да се пресели во тимот од Истанбул
- „Скај спортс“ најавува пресврт околу случајот со Енцо Фернандез, и тој добил дозвола да оди во Лондон и да ги заврши лекарските прегледи и да потпише за Челси
- Преодниот рок во Бундеслигата заврши. Тимовите не може повеќе да купуваат играчи, но може да продаваат и да праќаат на позајмица до вечерва до 23:59 часот
- Рома се засили со Диего Лјоренте од Лидс. Играчот доаѓа како позајмен
- Олимпик Марсеј се засили со најскапото засилување во историјата на клубот. Нов член на клубот е португалскиот фудбалер Витиња, кој доаѓа од Брага. И за португалскиот тим ова ќе биде најголемата продажба во историјата
- Марсел Забицер го пропуштил тренингот денеска на Баерн Минхен, и според информациите веќе отпатувал во Манчестер на прегледи и потпис со Јунајтед
- Атлетико Мадрид постигнал договор за позајмување на Мат Доерти. Десниот бек доаѓа во Мадрид од Тотенхем, а во договорот нема клаузула за можен откуп на крајот од сезоната
- Најверојатно пропадна трансферот на искусниот шпански фудбалер Иско во дресот на Унион Берлин. Според последните информации, Унион се откажал од неговите услуги после лекарските прегледи, а и фудбалерот сега повеќе не е заинтересиран за доаѓање во хитот на Бундеслигата
- Зијех е веќе во Париз на комплетирање на позајмицата во ПСЖ
- Откако не успева да ја убеди Бенфика да го пушти Енцо Фернандез, Челси сега има нова „мета“. Тоа е Марсел Забицер од Баерн Минхен. Челси го сака на позајмица до крајот на сезоната, но засега Баерн не сака да се откаже од својот играч од средниот ред
- Баерн Минхен го комплетираше Кансело. Португалецот официјално доаѓа на позајмица, со можен откуп на лето од 70 милиони евра
- Галатасарај во зимскиот преоден рок губи двајца играчи. Патрик Ван Анхолт летна за Ајндховен каде треба да го комплетира договорот со ПСВ, а Харис Сеферовиќ заминува во Селта
- И покрај обидите, Баер Леверкузен нема да го донесе хрватскиот репрезентативец Борна Соса. Сумата од 10 милиони евра која Штутгарт ја бара е неприфатлива за „фармацевтите“
- Фиорентина ја одби првата понуда на Барселона за Софијан Амрабат. „Каталонците“ даваат 3-4 милиони евра за позајмица до крајот на сезоната, и право на откуп 40 милиони, но „виолетовите“ сакаат повеќе
- Барселона ќе се ослободи од Белерин кој оди во Спортинг Лисабон, а на негово место ќе го земе Араухо од ЛА Галакси
- Челси покрај Жоржињо, ќе се ослободи и од Зијех. Мароканецот е блиску до заминување во ПСЖ како позајмен фудбалер до крајот на сезоната
- Арсенал се засили со фудбалерот на Челси, Жоржињо во последниот ден од преодниот рок. Трансферот ќе чини 12 милиони евра, а договорот е до 2024 година
- Жоао Кансело го напушти Манчестер Сити, а по неговите стапки веројатно ќе тргне и Бернардо Силва. Повеќе ТУКА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА