Последен поздрав: Лазовски беше повеќе од тренер – човек и величина

Кошаркарска Македонија од денеска е посиромашна за уште едно големо име – Марјан Лазовски почина на 58-годишна возраст губејќи ја битката со коронавирусот.

Тренерските квалитети на поранешниот селектор беа недвојбени и признаени од целата фела, но она што импресионираше кај Лазовски беше љубовта кон спортот и несебичноста, сето она што го знае да го подели со секој оној што сака да направи чекор плус во кошарката.

Резултатот е приоритет за мнозинството во спортот, но Лазовски беше еден од малкуте кои ја разбираа суштината, кои се радуваа на секое извадено „дете“, на секој чекор напред, свесен дека долгорочната исполнета стратегија вреди многу повеќе од секој инстант-успех.

Затоа, мак-баскетот денеска загуби многу повеќе од екс-играч, поранешен тренер и селектор, загуби величина што секогаш беше присутна да помогне секому, за кошарката да ни се врати на патот по кој сите сакаме да оди.

Слава му…

Се вчитува...