Последен воз за ЕП: Одбојкарите да победат, ама и да навиваат…

Македонската одбојкарска репрезентација да ја победи Унгарија со 3-0, но претходно евроквалификациски триумфи во завршното коло од циклусот за пласман на континенталниот собир во септември годинава да забележат Летонија над Израел и Шведска над Азербејџан. Ова се условите под кои македонската одбојка ќе го запише историското прво учество меѓу континенталната елита.

Нашиот национален тим со максимален триумф над Унгарците би го осигурал второто место во квалификациската група, а останатите резултати треба да бидат поволни за нас за да успееме да влеземе меѓу петте второпласирани од седумте квалификациски групи кои ќе одат на еврошампионатот.

„Во Украина не бевме фаворити, сега ќе бидеме, но тоа треба да го покажеме на терен. Им реков на играчите дека натпреварот треба да го почнеме исклучително мотивирани и ако можеме да ги разбиеме, пред се со нашиот сервис. Жал ми е што не решаваме сами затоа што во таков случај убеден сум дека салата ќе беше преполна, но се надевам дека и сега гледачите ќе дојдат да ни помогнат за да оствариме победа, а со тоа да ги задржиме шансите за пласман“  – вели селекторот Никола Матијашевиќ.

Македонската репрезентација против Унгарија оствари една од двете победи во овој квалификациски циклус. На гостувањето во август во првото коло  славеше со 3-2. Потоа оствари и гостинска победа кај Швајцарија, идентично со 3-2, претпе поради на домашен терен од Украина и Швајцарија, а во претпоследното коло во саботата загуби од лидерот во  групата со 3-1. Украинците веќе обезбедија учество на Европското првнество.

Дуелот меѓу Македонија и Унгарија се игра вечерва, со почеток во 20.15 часот, во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Се вчитува...