Последни во групата: Јуниорите загубија и од Чешка

Јуниорската репрезентација на Македонија денеска загуби и од Чешка (63-70), четврти пораз во низа за нашите кошаркарски надежи на шампионатот во Скопје, со што избраниците на селекторот Милевски го освоија последното место во својата група, зад Холандија, Чешка, Израел, Исланд и Луксембург.

За разлика од претходните натпревари, овојпат македонските кошаркари покажаа нешто подобра игра, многу поголема борбеност. Иако бркаа негатива цел натпревар, во финишот од третата четвртина одиграа фуриозно, по положувањето на Миса приближувајќи се на само два поени негатива. Сепак, тоа беше се што тие успеаја да сторат, Чесите ја завршија четвртината со „плус седум“, за да на крајот мечот заврши со „пристојни“ седум поени разлика.

Панов повторно беше најдобар поединец во нашите редови со 27 поени, Миса постигна 14, додека Валмир Какруки имаше шест поени и дури 14 скокови.

Се вчитува...