Последното коло од регуларниот дел на Првата лига започнува во Кавадарци

Последното коло од регуларниот дел на Првата кошаркарска лига започнува денеска од 16 часот во Кавадарци каде Еуро Никел го пречекува новлијата Ангели. Вицешампионот се наоѓа во серија од пет победи едно по друго, а со цел подобар пласман во пресрет на Суперлигата избраниците на Самарџиев ќе целат кон уште една победа.

На избраниците на Боби Митев пак е да дадат се од себе во „Јасмин“ за третата победа во првенството со која би останале во живот за опстанок. Ангели во моментот се на последното место на табелата со само две победи, три зад 10. пласираниот Куманово па секој натпревар е од големо значење.

Прволигашките возбудувања продолжуваат утре со натпреварот помеѓу Академија ФМП и МЗТ Скопје во Кисела Вода, а потоа не очекуваат уште по две средби во сабота и недела во кои силите ќе си ги одмерат Кожув – Гостивар и Куманово – Работнички, односно Пелситер – ТФТ и Феникс 2010 – МЗТ Скопје 2.

Со оглед на тоа што патниците во Суперлигата и плеј-аутот се познати, последното коло од регуларниот дел ќе има резултатско значење во борбата за плеј-оф и опстанок.

Се вчитува...