Женската ракометна репрезентација на Македонија на крајот на годинава заедно со Црна Гора и Словенија ќе биде домаќин на Европското првенство со што по пауза од десет години, „црвено-жолтите“ повторно ќе се најдат на едно големо натпреварување.
Избраничките на Љубомир Савевски во ждрепката беа извелчени во групата „Ц“ , а за противнички ќе ги имаат репрезентативките на Франција, Холандија и Романија. Франција е актуелен олимписки првак, Холанѓанките со години наназад се борат за самиот врв на големите натпреварувања, додека Романија е секогаш опасна репрезентација против која Македонија ќе има најголеми шанси за изненадување.
Од поранешните југословенски држави, Хрватска се најде во групата „А“ заедно со Норвешка, Унгарија и Швајцарија, Словенија ќе биде домаќин на групата „Б“ во која се и Данска, Шведска и Србија, додека Црна Гора на групата „Д“ каде ја очекува тешка задача против репрезентациите на Полска, Германија и Шпанија.
Како потсетување, на Европското првенство кое ќе се одржи од 4. до 20. ноевмри, Скопје и СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат домаќини на прелиминарната и главната групна фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА