Потешко од очекуваното: Првиот тим на МЗТ со крајни маки до триумф над жилавите „штркчиња“

МЗТ Скопје потешко од очекуваното го доби братското дерби со МЗТ Скопје 2 откако славеше на „домашен“ терен со резултат од 92-84.

Гостинските „штркчиња“ покажаа извонредна игра во првите две четвртини (13-23) и (29-20), демонстрирајќи супериорност во одбраната и нападот. Сепак, „постариот брат“ мудро и трпеливо се врати во игра, па секоја мини грешка на противникот ја казни за намалување на разликата од минус еден поен, 42-43, резултат со кој се замина на пауза.

Во второто полувреме домаќините дојдоа и првпат до предност, па третата четвртина ја добија со 28-20. Искусните сениори не ја испуштија ваквата разлика до крајот на мечот, па со 22-21, ја заверија третата четвртина за победа над МЗT Скопје 2. Може да се каже дека ова беше неизвесен кошаркарски дуел, во кој очекувано го добија поискусните, кои и сезонава важат за фаворити за трофејот, заедно со Пелистер.

Роберт Рики; беше најефикасниот кошаркар кај поискусниот тим на МЗТ Скопје со постигнати 20 поени. Кахем Рансом беше најдобар кај МЗТ Скопје УНИ БАНКА со 21 поени.

Се вчитува...