Потпишувањето на Меморандумот за автономија конечно договорено, следува промена на Законот за спорт

Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Агенцијата за млади и спорт како и Националните спортски федерации конечно ќе го потпишат Меморандумот за разбирање кој беше едно од главните барања од Интернационалниот олимписки комитет во неколуте писмени предупредувања кои се однесуваа на ревизијата на спортското законодавство. Меморандумот всушност подразбира договор за автономија и независност на Националниот олимписки комитет како на националните федерации, а е во согласност со олимписката повелба.

„Имајќи ја во предвид Препораката 28 од Олимписката Агенда 2020 на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), во насока на зајaканување на соработката меѓу Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија, МОК и Националните спортски федерации од Република Северна Македонија, а особено водени од принципите наведени во Резолуцијата A/RES/69/6 на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите нации со која ООН, ИОК како и Меѓународните спортски федерации, ќе се потпише Меморандумот за автономија и независност (скратен наслов)“ – стои во информацијата од ОКСМ.

Клучната обврска која ја бара ИОК е всушност промената за Законот за спорт кој според договорената динамика треба да биде во нова, усогласена верзија до мај следната година. Минатиот викенд, Олимпискиот комитет на северна Македонија го промени Статутот и со измените мнозинството во собранието го преземаат Националните федерации од олимписките спортови. И оваа промена беше дел од договорот постигнат меѓу претставниците на државните институции задолжени за спорт, Националниот олимписки комитет и ИОК во Лозана.

Се вчитува...