Германскиот „Билд“ најави дека има нов потрес во соблекувалната на Баерн Минхен. Овојпат во главна улога е играчот Бенјамин Павар, кој што го искажал незадоволството кај тренерот поради статусот во тимот.
Павар минатите два меча останал на клупата, и шанса доби во вториот дел, а тоа на Французинот му сметало. Така после победата над Мајнц, на првиот тренинг незадоволно предвреме ја напуштил подготовката, а слично се случило и на вчерашниот тренинг, пишува „Билд“.
Павар прв излегол на тренинг, а прв и си заминал. Неговото заминување го снимиле и камерите, а „Билд“ тврди дека играчот ниту еднаш не зборувал со тренерот Нагелсман.
News #Pavard: First player who left the locker room yesterday. First player who left the green today. No eye contact with the coaches. Frustrating training performance. And: At this stage no concrete talks about a possible extension beyond 2024. @SkySportDE 🇫🇷 pic.twitter.com/6ymGRHZnHJ
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) October 30, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА