Потресни сцени на Апенините: Тренерот на Ливорно плачеше без престан при минутата молк за починатите од коронавирус (ВИДЕО)

Фудбалот во Италија се врати со заостанатите натпревари од Серија А и Серија Б. Но, враќањето на терените пред се го одбележаа потресните сцени од мечот Ливорно – Цитадела.

Италијанскиот сојуз одлучи сите натпревари да почнуваат со минута молк во чест на починатите од коронавирусот. Италија е една од најпогодените земји во светот од оваа болест, и многумина останаа без своите најблиски.

Кога судијата даде знак за почеток на минутата молк тренерот на Ливорно, Антонио Филипини не можеше да ги сопре солзите. Филипини го совладаа емоциите не можејќи да престане да плаче. Пред неколку седмици од коронавирус почина неговата мајка, па реакцијата беше разбирлива за сите присутни на стадионот.

 

Се вчитува...