Повредата не е наивна: Познато е колку ќе отсуствува Букајо Сака

Арсенал скапо ја плати победата над Лидс во 2. коло од Премиерлигата бидејќи остана без двајца клучни фудбалери – Мартин Одегард и Букајо Сака кои заработија повреди и го напуштија теренот пред крајот на средбата.

Англискиот репрезентативец заработи повреда на задната ложа и го очекува отсуство од терените во следниот месец, пренесуваат англиските медиуми.

Сака нема да биде дел од составот на Микел Артета за следното коло од Премиерлигата во кое Арсенал го очекува дерби натпревар против Ливерпул. Олеснителна околност за „топчиите“ е тоа што по овој натпревар ќе следи репрезентативна пауза која тој ќе ја искористи за целосна рехабилитација.

Тоа воедно значи и дека нема да биде дел од репрезентацијата на Англија за средбите со Андора и Србија на 6. и 9. септември.

Се вчитува...