Повторно македонски фудбал: Работнички и Струга ТЛ, по серијата порази, во тешка битка за бодови!

Работнички и Струга ТЛ со денешниот прв натпревар од 25. коло во ПМФЛ го враќаат македонскиот фудбал на сцена, по паузата поради репрезентативните активности.

И двата тима се во серија порази поради што денешниот дуел е од исклучително значање и за двете страни. „Романтичарите“ посакуваат триумф иако се свесни дека ги чека тешка задача.

Победа посакуваат и во редовите на Струга ТЛ по трите едноподруго порази од Македонија ЃП, Академија Пандев и Шкупи.

„Не очекува тежок натпревар против навистина добра екипа. Мислам дека ќе биде неизвесен и квалитетен натпревар затоа што и двете екипи играат отворен фудбал. Знаеме дека Работнички ќе атакува на победа, но бодовите и нам ни се неопходни, па нема што да криеме јасно е дека ќе атакуваме на триумф“ – вели шефот на стручниот штаб на Струга ТЛ, Срѓан Захариевски.

ПМФЛ – 25. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ

УТРЕ (15 ч.)

Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ

Тетово: ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ

Струмица: АК. ПАНДЕВ – СКОПЈЕ

Скопје: БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР

Се вчитува...