Повторно слаба реализација: Македонија со осум негатива на полувреме со Холандија

Женската ракометна репрезентација на Македонија има негатива од 9-17 на полувреме против Холандија во натпревар од 2 коло во групата Ц на Европското првенство 2022 година.

Холандија разликата во квалитет ја покажа уште по првите 15 минути во кои од секоја позиција ракометарките на „лалињата“ го решетаа нашиот гол.

По две минути без гол, Холанѓанките први ја затресоа мрежата на овој меч, преку Ингер Смитс за водство од 0-1. Откако Холандија поведе со 0-2, првиот погодок за нашите девојки на мечот го постигна Дабевска од пикерска позиција во петтата минута (1-2).

Следеше серија на гостинките од три гола по која по осум минути игра стигнаа до највисоките до тој момент плус пет (1-6), по кои селекторот Љубомир Савевски мораше да го повика првиот тајм-аут на натпреварот.

По тајм-аутот Јована Кипријановска го постигна вториот гол за Македонија, па по десет минути игра резултатот на семафорот изнесуваше (2-6). Веднаш потоа следеше погодок и на Сара Ристевска со кој намаливме на минус три (3-6).

Холанѓанките повторно влегоа во серија па со три гола во низа, по петнаесет минути игра стигнаа до највисоките плус шест (3-9). Холанѓанките продолжија да го полнат нашиот гол па по 20. минути игра веќе имаа и плус седум (5-12). Следуваа два гола во низа на Сара Ристовска со кои Македонија на осум минути до крајот на првиот дел стигна до пет негатива (7-12).

До крајот на првиот дел Холанѓанките до максимум ги искористија нашите промашени зицери и на пауза отидоа со највисоките плус осум (9-17).

Сара Ристовска со три погодоци беше прво име во нашиот табор, додека кај Холанѓанките Смитс по првите 30 минути заврши со седум погодоци.

Се вчитува...