Повторно стопирање на спортот: Комисијата за заразни болести ќе предложи целосна забрана на сите настани!?

Повторно запирање на сите настани во земјава, меѓу кои и спортските, е предлог мерката на Комисијата за заразни болести која ќе се предложи до Владата во понеделник, доколку продолжи сегашниот тренд на зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19.

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека ќе мора да се активираат нови мерки кои ќе опфатат повеќе сегменти за трансмисија на вирусот, бидејќи има заразени кои не знаат каде се заразени.

„Очекуваме да стапи на сила носењето на маски на отворено. Утрово разговаравме и за дополнителен мерки. Во понеделник ќе предложиме ограничување на капацитетот на луѓе во јавниот превоз, целосна забрана за секакви настани. Со тоа ќе се намали бројот на заразени од корона вирусот“, смета Филипче.

Овие мерки се дополнување на оние кои веќе чекаат законски измени, задолжително носење маски на отворено, забрането групирање по 22 часот и ограничување на домашните посети.

Засега спортските настани продолжуваат во Македонија без присуство на публика, но доколку продолжи зголемувањето на позитивни случаи и во спортот, кои посебно се раширија во ракометот и во кошарката, јасно е дека ќе има запирање и на спортските настани.

Се вчитува...