Шкотскиот тим Хибернијан ќе биде противникот на Шкендија во третото квалификациско коло во Лигата на Конференции. Шкотланѓаните направија „мало чудо“ и од негатива од 2-0 против косовска Малишева, на реваншот триумфираа со убедливи 4-1, и така си закажаа двомеч со тетовскиот тим.
Уште по првиот дел домаќинот ја анулираше предноста и дојде до предност од 3-0. Потоа Бојл со четврти гол во мрежата на Малишева ја најави убедливата победа и пласманот во следната фаза. Малишева само успеа да намали со голот на Бајрактари во 85. минута.
Така Малишева, за која на овој меч играа Бесник Ферати, Џемаил Ибиши, а потоа влезе и Ваљмир Нафиу, мораше да се помири со елиминација од Европа, и ќе нема можност да дојде во Скопје да ги одмери силите со тетовскиот тим.
Првиот меч Шкендија патува во Шкотска во Единбург на 6. август, додека реваншот е на 13. август во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
