ПОЗНАТ СТАРТНИОТ СОСТАВ: Со Гаштаров во средниот ред, со Миовски и Растодер во нападот

Познат е стартниот состав со кој македонскиот селектор Гоце Седлоски ќе се спротистави на Швајцарија вечерва од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје, во 1. коло од новата сезона во Б Лигата на нациите.

Согласно очекувањата, Македонија во нападот ќе биде со Растодер и Миовски, а во средниот ред како последен играч за врска ќе биде дебитантот Матеј Гаштаров од Црвена Звезда.

Со Гаштаров во средниот ред ќе бидат и Барди, Костадинов и Елмас.

На кралните бековски позиции ќе бидат Илиевски и Херара, а Муслиу и Зајков како централни дефанзивци пред голманот Столе Димитриевски.

Се вчитува...