Позната американска скијачка загина од лавина на косовската страна од Шар Планина

Познатата поранешна американска скијачка, членка на репрезентацијата на САД, Катерина Ригби загина во несреќен случај во лавина на косовската страна од Шар Планина.

54-годишната Ригби, како што информираат американските медиуми, го загуби за време на својата посета на ски-центарот Брезовица. Американската скијачка загинала на месотото „Орлово гнездо“.

Ригби е позната во светот на скијањето како член на тимот „North Face“.

Таа е една од најзаслужните за пионерското скијање со телемарк, техника која комбинира алпско и нордиско скијање.

Се вчитува...