Позната судбината на синот на Леброн Џејмс

Иако Леброн Џејмс официјално стана нов играч на Филаделфија 76, неговиот син Брони Џејмс нема да го следи истиот пат.

Според ЕСПН, кој се повикува на агентот на Леброн, Рич Пол, во моментов нема барање ниту план Брони да се пресели во Филаделфија и повторно да игра со својот татко. Напротив, Лос Анџелес Лејкерс сакаат да го задржат 21-годишниот бек во своите редови, што го покажаа и летово кога му гарантираа договор вреден 2,3 милиони долари за следната сезона.

Брони е член на Лејкерс од 2024 година, кога беше избран како 55-ти пик на НБА-драфтот. Уште во својата прва сезона, тој испиша историја заедно со Леброн, станувајќи првите татко и син што заиграле заедно на еден НБА-натпревар.

Се вчитува...