Познати деталите: Дете случајно го погодило Ѓоковиќ со шише во главата

Новак Ѓоковиќ рутински славеше на теренот, но потоа голем скандал се случи на турнирот во Рим откако Србинот беше погоден со шише во главата додека потпишуваше автограми по својот меч од втората рунда на овој Мастерс-турнир.

Италијанците сега откриваат нови детали за големиот инцидент, тврдејќи дека станува збор за ненамерна случка предизвикана од дете на трибините.

Имено, едно од децата кои барале автограм ја извадило тетратката од ранецот, но додека се наведнало кон Новак, алуминиумското шише паднало од трибината, и тоа директно на главата на најдобриот светски тенисер.

Дека ситуацијата не е наивна говорат и информациите дека Ѓоковиќ експресно бил испратен во болница бидејќи имал исекотина на темето, бидејќи шишето не било празно и ударот не бил нималку наивен.

Останува да се види дали Ѓоковиќ ќе може да продолжи со настап на турнирот во Рим и колку оваа повреда би влијаела на неговиот настап во „вечниот град“.

Се вчитува...