Познати деталите за погребот на Коби Брајант – „Да го славиме животот“

„Стејплс центарот“ во Лос Анџелес вечерва ќе ги прими сите фанови кои ќе имаат шанса за последен пат да се простат од Коби Брајант. Датумот беше симболично избран, а настанот ќе биде со име „Да го славиме животот“.

Вратите на „Стејплс“ ќе бидат отворени во 08:00 часот по локално време, а вкупно ќе им биде дозволен влез на 20.000 фанови кои ќе сакаат за последен пат да се збогуваат со легендарниот кошаркар. Вратите на „Стејплс“ ќе бидат затворени во 09:45, а петнаесет минути подоцна ќе почне церемонијата која се очекува да трае три часа.

На настанот ќе биде забрането снимање, а секој посетител ќе мора да го исклучи својот телефон како би се испочитувала фамилијата Брајант.

Се вчитува...