Познати двојките за плеј-офот од Конференциската лига: Велковски со Ријека против ПАОК, Фазлагиќ против Јаблонец

Познатите се комплетните двојки за плеј-оф колото од првата сезона во новата УЕФА Конференциска лига.

По плеј-оф рундата ќе бидат познати учесниците во групната фаза од третото по ранг натпреварување на УЕФА во кое, сепак, има повеќе од интересни европски екипи кои носат шарм за ова натпреварување.

Од македонските интернационалци, Дарко Велковски со Ријека ќе игра против грчки ПАОК, додека Енис Фазлагиќ со Жилина ќе се соочи против Јаблонец.

Првите натпревари се играат на 19. август, а реваншите се на 26. август.

УЕФА -КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА (плеј-оф рунда)

Жалгирис – Бодо Глимт

Нефчи – Макаби Хаифа

Флора Талин – Шамрок

Рига – Линколн

Фоља Еш – Каират

Карабах – Абердин

Базел – Хамерби

Плзен – ЦСКА Софија

Фереира – Тотенхем

Рен – Розенборг

Андерлехт – Витезе

ЛАСК – Сент Џонсон

Шахтјор Караганди – Макаби Тел Авив

ПАОК – Ријека

КуПС – Унион Берлин

Феенорд – Елфсборг

Раков – Гент

Сиваспор – Копенхаген

Санта Клара – Партизан

Трабзонспор – Рома

Хапоел Бер Шева – Анортозис

Јаблонец – Жилина

Се вчитува...