Познати сите двојки за плеј-оф рундата за Лигата на шампионите

По завршувањето на сите натпревари од 3. квалификациско коло, познати се плеј-оф двојките за место во групите од Лигата на шампионите во сезоната 2022/23.

Пласман во плеј-офот синоќа обезбедија Бодо Глимт, Аполон, Виторија Плзен, Црвена Звезда, Бенфика, Динамо Загреб, Карабах, ПСВ Ајндховен, Динамо Киев и Глазгов Ренџерс, со што се комплетирани сите 12 учесници во плеј-оф рундата за ЛШ. Директен пласман во плеј-офот, согласно националниот коефициент, имаат Трабзонспор и Копенхаген.

Тоа значи дека во плеј-оф рундата за Лигата на шампионите ќе има четири дуели во делот на национални шампиони, и уште два дуел од делот на останатите, по што ќе бидат познати преостанатите шест учесници во групната фаза од ЛШ за сезоната 2022/23.

ДВОЈКИ ПЛЕЈ-ОФ ЗА ЛШ (ДЕЛ НА ШАМПИОНИТЕ)

Динамо Загреб (Хрв) – Бодо Глимт (Нор)

Ц. Звезда (Срб) – Макаби Хаифа (Изр)

Карабах (Азр) – Виторија Плзен (Чшк)

Трабзонспор (Тур) – Копенхаген (Дан)

(ДЕЛ НА ОСТАНАТИТЕ)

Глазгов Ренџерс (Шко) – ПСВ Ајндховен (Хол)

Бенфика (Пор) – Динамо Киев (Укр)

  • ПОРАЗЕНИТЕ ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ЗА ЛШ ЌЕ ГО ПРОДОЛЖАТ НАТПРЕВАРУВАЊЕТО ВО ГРУПНАТА ФАЗА ОД ЛИГАТА НА ЕВРОПА

Во групната фаза од Лигата на шампионите место веќе имаат: Реал Мадрид, Челси, Севилја, Јувентус, Лајпциг, Спортинг, Селтик, Ајнтрахт Ф., Тотенхем, Милан, Баерн Минхен, ПСЖ, Ајакс, Шахтјор Доњецк, Манчестер сити, Барселона, Интер, Борусија Дортмунд, Марсеј, Бриж, Ливерпул, Атлетико Мадрид, Наполи, Баер Леверкузен, Порто и Салцбург.

Се вчитува...