Познати составите – Раул Гонзалес ги менува само голманите

Ротацијата на голманската позиција ќе биде единствената измена во составот на македонската репрезентација што ја направи селекторот Раул Гонзалес за денешниот дуел против Грција во Кожани, во вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2020.

На местото на првиот голман во националниот тим, Борко Ристовски и на младиот Мартин Томовски кои беа на голот на првиот меч со Турција во Битола, денеска против Грција голот на македонската репрезентација ќе го бранат  Никола Митревски и Златко Даскаловски.

На другите позиции Гонзалес се одлучи да ги задржи истите играчи што беа во составот. Од ракометарите што беа во составот во комбинација за настап во првите два квалификациски дуели без настап остануваат дебитантот Филип Чурлевски и Горан Крстевски.

Се вчитува...