Познатиот шпански фудбалер осуден на 8,5 години затвор

Познатиот шпански фудбалер Рафа Мир е осуден на осум и пол години затвор за злосторства сексуален напад и нанесување повреди на млада жена, одлучи Судот во Валенсија. Пресудата ја донесе Четвртиот совет на тој суд по судењето одржано на 28 мај, а се однесува на настани што се случиле ноќта на 31 август 2024 година, во домот на Мир во Бетера.

Според Високиот суд на правдата на Валенсија, Мир, кој во времето на судењето беше играч на Елче на позајмица од Севиља, беше прогласен за виновен за сексуален напад и физичко насилство врз жртва.

Во истата постапка, осуден е уште еден обвинет, фудбалерот Пабло Хара , кој доби казна од две и пол години затвор и парична казна за сексуален напад, повреда на моралниот интегритет и лесна форма на физички напад врз друга млада жена.

Судот, исто така, одреди парична отштета – 64.000 евра за главната жртва и 6.280 евра за оштетената страна во случајот против Хара. Пресудата им беше доставена на страните во понеделник, но сè уште не е конечна.

Државното обвинителство првично побара казна од десет и пол години затвор за Мир, но судот на крајот изрече поблага казна од осум и пол години.

Се вчитува...